24 - годишен скопјанец лишен од слобода поради поседување марихуана

Вчера во 13.50 часот полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Јане Сандански“ во Скопје од слобода го лишиле С.Д.(24) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана, информираше Министерството за внатрешни работи. 

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.