23-годишник ограбил возило на фирма за брза пошта

Вчера во 14.30 часот на ул.„Коле Крупишки“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.Ј.(23) од Штип.

- Тој се сомничи дека претходно на ул.„Радански пат“ во Штип одзел пари од возило на фирма за брза пошта. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против А.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.