
Пред полноќ млад маж бил пренесен во болница со повреди од нож.
- На 23.03.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека кај нив бил донесен Ф.Љ.(23) од село Кондово, скопско, со повреди нанесени од остар предмет, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат надлежните.