23-годишен возач со „ауди“ прегази дваца пешаци во Струга

Двајца пешаци се повредени во Струга откако во нив удрил 23-годишен возач со „ауди“. 

На 23.01.2023 околу 19.30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од улиците „Маркс и Енгелс“ и „Ристо Крле“ во Струга, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(23) од струшкото село Франгово, удрило во пешаците Т.Ш,(64) и В.Ш.(60), двајцата од Струга, соопшти полицијата. 

Во несреќата, Т.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, додека В.Ш. се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.