22 работи кои треба да ги оставите зад себе во 2022 година

За еден месец ќе ни пристигне новата година.

Photo by Eyestetix Studio on Unsplash

Но, новите години немаат никакво значење, ако не се ослободиме од некои работи кои не ни служат и не внесеме подобри навики во нашето живеење.

Ова се 22 работи кои треба да ги оставите зад себе во 2022 година

Занемарувањето на своето здравје

Во 2023, грижете се повеќе за своето физичко, но и ментално, емоционално и духовно здравје. Грижете се за себеси, онака како што се грижите за другите кои ви значат.

Токсични пријателства

Кажете им збогум на едностраните пријателства, на „ пријателите” кои не ви се вистински пријатели и на сите оние кои само земаат,  а не даваат ништо во односот со вас.

Токсични љубовни врски

Не ви се потребни оние кои не ве сакаат вистински. Во оваа смисла, подобро е да бидете сами отколку со некој кој само го троши вашето време. 

Луѓе кои си заминале без збогум

Не очекувајте објаснување или било што позитивно од некој кој си заминал од вашиот живот без збор. Тие нема да се вратат во сменета, подобра верзија. Оставете ги зад себе.

Слободното време поминато на телефон

Во 2023 потрудете се да минувате повеќе време во природа или пак меѓу луѓето. Користете го телефонот за да се слушнете со другите, да искомуницирате и да дознаете нешто ново, но не и за бесконечно скролање на друштвените мрежи. Тоа не ви е потребно.

Самосаботажа

Во ред е да бидете свои сопствени критичари, но не и до таа мера да се плашите да живеете. Верувајте во себе и не се плашете да ризикувате.

Постојано задоволување на луѓето

Ако постојано се трудите околу другите околу вас, многу лесно е да заборавите на себеси. Тоа не е во ред, бидејќи не можете да им помогнете на другите, ако прво вие не сте добро. Освен тоа, колку и да се трудите да им угодите на другите, никогаш нема да бидат 100% задоволни.

Да останете тивки кога другите не ве почитуваат

Тоа не значи дека треба да влегувате во конфликти и да се расправате, но ако некој ве навреди или повреди, треба да и го дадете до знаење тоа на другата личност. Не можете да најдете мир, ако постојано дозволувате другите да ве газат, мислејќи дека е полесно да не кажете ништо за тоа.

Лоши навики за спиење

Потрудете се да спиете барем 7-8 часа во текот на ноќта и добро да се наспиете, бидејќи добриот сон е основа за целата наша активност во текот на денот.

Споредба

Постојаната споредба нема да ве однесе никаде. Сите ние сме различни и го живееме својот живот на различен начин, под различни околности и услови. Затоа фокусирајте се на себеси и она што вам ве прави среќни.

Стравот од неуспех

Постојаниот страв од неуспех нема да ве извади надвор од вашата пријатна зона, а со тоа нема и да ви донесе убав живот. Не морате да преземата големи ризици, но во ред е да пробувате нови нешта, дури и по цена да не успеете. 

Токсична позитивност

Ова не е во ред. Ако сте тажни, не морате да се преправате дека сè е во ред. Едноставно, дозволете си да бидете тажни и да ги преживеете емоциите кои ги чувствувате. Кога сте среќни, смејте се и уживајте. Таков е животот. Тој не може да биде среќен постојано и тоа е во ред.

Photo by Moritz Knöringer on Unsplash

Постојано следење трендови

Во ред е да се трудите да изгледате убаво, но не морате постојано да ги следите сите трендови, бидејќи така повеќе им угодувате на другите, отколку на себе. Најважно е да се чувствувате пријатно во своја кожа. 

Верувањето дека не заслужувате подобро

Секој од нас го заслужува најдоброто, а верувањето дека не го заслужувате тоа е погрешно. Можеби не можеме сите да имаме вила во Лос Анџелес, но некои ситни нешта кои ги посакувате се лесно достижни за вас, само ако си дозволите да пробате да ги следите своите соништа.

Постојано одложување на уживањето

Во држава во која постојано се случува нешто и каде животот е доволно тежок, лесно е да заглавиме во размислувањето дека ќе уживаме некогаш подоцна во животот. Но, не е така бидејќи не знаеме колку ќе живееме. Затоа, препуштете се на убавите моменти и не се плашите да живеете.

Озборување

Озборувањето нема да ве однесе никаде. Само ќе ве истошти. Освен тоа, треба да знаете: луѓето кои озборуваат пред вас, озборуваат и за вас, зад вашиот грб. Затоа, не го трошете времето на оваа лоша навика.

Статус-кво во однос на пријателствата

Нови пријатели може да сретнете насекаде околу вас, важно е само да сте отворени за тоа. Можеби имате добри пријателства кои траат од средношколските денови, но новите пријатели се секогаш добредојдени бидејќи тие ни даваат нова перспектива и свежина во нашите животи. 

Лоша храна

Сите сакаме храна која е вкусна, а не толку здрава и тоа е во ред, балансот е веројатно добар. Но постојаното консумирање на преработена и нездрава храна може да ни донесе многу здравствени проблеми. Затоа, потрудете се да ја смените оваа навика во 2023 година. 

Прашањето до другите кога ќе стапат во брак или ќе имаат деца

Ова е прилично лично прашање и не секој сака или може да ви го одговори. Некои луѓе се соочуваат со предизвици на овие полиња, а вашето прашање никако нема да го забрза нивниот процес. Затоа, подобро молчете.

Постојана контрола над сè

Не морате целиот свет да го носите на своите рамења и да ги носите сите обврски, особено оние кои не се ваши. Пуштете ги другите да го преземат својот дел од одговорноста, дури и да пропаднат работите. Тоа не е крај на светот. 

Постојано гледање вести

Сосема е во ред да ги следите најновите вести, но опседнатоста може да ве направи нервозни и да влијае на вашето ментално здравје. Затоа, потрудете се да направите баланс во текот на денот, читајте книги, гледајте вести и добри серии.

Чекање новата година да ги смени работите

Не чекајте нова година за ги смените своите навики, туку бидете посветени на постојано учење и подобрување себеси. Годините се само бројка, но секој од нас може да ги збогати своите интереси и знаење, секој ден од годината.