22-годишник заврши со лисици на рацете по пријава од негов родинина - го туркал во кафеана и му се заканувал

Вчера во 19:05 часот во струшко, полициски службеници го лишиле од слобода Л.Н.(22) од струшко, со престој во Германија.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 22-годишниот Л.Н. бил уапсен, постапувајќи по претходна пријава од негов 43-годишен роднина од струшко дека околу 16:40 часот во угостителки објект во Струга му се заканувал и го туркал.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.