22-годишник тешко повреден во сообраќајка во радовишко

Млад возач од радовишко е тешко повреден откако излетал од пат. 

Како што информираа од МВР вчера во ОВР Радовиш е пријавено дека во 16:20 часот на регионален пат од село Ињево кон Радовиш, на место викано Горен пат, товарно возило „фиат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(21) од село Ињево, радовишко, излетало надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Ј.(22) од село Воиславци, радовишко, констатирани во Клиничката болница во Штип, а со телесни повреди се здобил возачот Н.Н.

Увид на местото на несреќата изврши екипа на ОВР Радовиш.