
Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.И.(22) од село Страхојадица, скопско.
Како што се наведува во полицискиот билтен, 22-годишниот В.И. бил уапсен по претходна пријава дека претходната вечер околу 21:10 часот кај станица Зелениково, додека бил заедно со Е.Б.(24) од Страхојадица, В.И. упатувал закани со пиштол кон И.М.(41) и уште неколку други лица.
Според пријавеното, исто така Е.Б. физички го нападнал Н.Н.(35).
Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.