22-годишник со „мерцедес“ прегази пешак

22-годишник со мерцедес прегазил 73-годишен пешак.

На 01.12.2022 во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од паркинг простор и сервисна улица која го поврзува бул.„Јане Сандански“ во Скопје, товарно возило „мерцедес бенз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(22) од Скопје, удрило во Л.Е.(73) од Скопје. соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.