22-годишник прегазен во тетовско, возачот избегал

Млад пешак бил прегазен во тетовско. Завршил во болнциа со тешки повреди, додека возачот на возилото кое удрило во него избегал. 

- На 23.07.2026 во 08:01 часот во СВР Тетово било пријавено дека во село Брвеница, тетовско, патничко возило удрило во 22-годишниот К.Ј. од село Брвеница и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово, соопштија од полциијата за овој инцидент. 

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.