22-годишник ќе одговара кривично - се обидел да натепа вработено лице во Центарот за социјални работи во Крива Паланка

Млад кривопаланчанец доби кривична пријава поради обид за физички напад врз лице на работно место.

Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднела кривична пријава против А.Џ.(22) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „загрозување на сигурноста“.

На 15.07.2026 во Крива Паланка, пријавениот се обидел физички да нападне вработено лице од Центарот за социјални работи Крива Паланка.