
22-годишна жена од Гостивар пријавила во полиција дека подолг временски период била жртва на физичко и психичко насилство од нејзиниот партнер.
Според информациите од МВР, пријавата била поднесена на 25 јуни во ОВР Гостивар. Жената навела дека нејзиниот партнер Б.И. со години ја малтретирал, а пред три години ѝ нанел и тешка телесна повреда.
Таа пријавила и дека на 18 јуни годинава повторно физички ја нападнал, при што упатил закани и кон неа и кон нејзин пријател.
По добиена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена ловечка пушка која, според првичните информации, му припаѓала на неговиот починат татко.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за утврдување на сите околности.