22-годишна скопјанка пријавила дека мајка ѝ ја влечела, туркала и ѝ се заканувала во банка

22-годишна девојка од Скопје пријавила дека била нападната од својата 53-годишна мајка во експозитура на банка во Центар.

„Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во експозитура на банка на подрачјето на Центар, нејзината мајка М.Р.(53) агресивно се однесувала кон неа, ја влечела, туркала и ѝ упатувала закани“, соопшти МВР.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.