22-годишен возач прегази струмичанец

Пешак е тешко повреден откако бил удрен од „тојота“. 

На 08.11.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Маршал Тито” во Струмица, патничко моторно возило „тојота” со струмички регистарски ознаки, управувано од И.В.(22) од село Моноспитово, струмичко, удрило во пешакот И.У.(38) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица, соопштија од полицијата. 

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.