22-годишен Албанец уапсен на „Деве Баир“

На 15.03.2022 во 20.15 часот на граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Л.(22) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“-патна исправа.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.