218 санкционирани возачи во Драчево

Во текот на вчерашниот ден полицијата продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на Драчево изречени се вкупно 218 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 36 лица, 27 технички неисправни и нерегистрирани возила, неносење заштитна маска 14, информираат од МВР. 

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од таму.