216 санкции за брзо возење низ цела земја

Во текот на вчерашниот ден (11.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 216 возачи.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со над 70 километри на час. Притоа, 104 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, известуваат од МВР.