Цела Македонија жали по малото девојче од битолско кое почина во битолска болница. Случајот со шестгодишното девојче повторно го покрена прашањето за „цената“ на животот во земјава.
Со свој став на темава се огласи и новинарката Викторија Милевска. Сподели дека оваа трагедија ја натерало да се изнаплаче заедно со таткото на девојчето Јана.
-13 години како сум во професијава, не ме треснало нешто повеќе од земја како што е смртта на Јана. Здраво право девојче, полно живот на свои пет годинки починува од ИНФУЗИЈА! Нејзиниот татко кој едвај можеше да зборува се согласи да ми даде изјава.. Искрено ова е прв пат како не успеав да останам професионална и јас се изнаплакав со него. Ми раскажа дека ја однеле да ја лечат од настинка. Направиле крвна слика која укажала висок шеќер 9. Доктор давал инструкции по телефон, сестрите ставиле инфузија со гликоза. На девојчето му се слошува, шеќерот и се качува на 19! Пробуваат да и стават уште една инфузија, но не можеле да и најдат вената, па и ставаат адреналин. На девојчето навидум и се подобрува состојбата и кога мислеле докторите дека си ја завршиле работата Јана губи свест. Од паника ја качуваат на интензивна нега и 3 ЧАСА затворени во сала, никој не им кажува на родителите кои чекаат пред врата дека детето им починало. И да се сомневаат дека лекарите кои требаше да ја лечат ја УМРЕА! - раскажува новинарката.
-21 век да се плашиш дете во болница да однесеш, заб да извадиш или да одиш да оперираш јајник, па наместо тоа бубрег и матка ќе ти извадат. А ние уште за ЕУ збориме? Спремни сме биле да бидеме дел од унијата? Главна тема биле Бугарите во уставот, а децана уште учебници немаат! Ако немаш близок некој во болница вода не ти даваат, а не па термин за да те прегледаат.
- Секоја чест на исклучоци!
И уште памет не им доаѓа дека треба да се преземе одговорност! Дека некој треба да лежи затвор за ваква грешка!Уште колку луѓе треба да закопаме за вие да се освестите? Следен пат европските претставници однесете ги на средба не во Влада, туку во клиниките каде се лечиме!!!
Далеку е ЕУ од нас, не 10, туку 100 години! Одговорност! - пишува новинарката Милевска во својата објава на фејсбук.