21 работник денеска ќе је блокираат Владата

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска со почеток во 11 часот со 21 работник ќе ги блокира влезовите во Владата оти се игнорираат нивните барања минималната плата да се зголеми на 600 евра и сите останати за 100 евра, а најави и одлука за генерален штрајк и во јавниот и во приватниот сектор.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов објасни зошто само 21 работник ќе је блокира Владата.

„ Зошто 21 човек? Затоа што тоа е законскиот минимум за да блокираме некоја институција или некоја сообраќајница. 21 човек затоа што некој кажа дека ќе ги заокружуваат луѓето кои протестираат, дека ќе ги оцрнуваат луѓето кои ќе протестираат и дека на таков начин сакаат да упатат порака до секој еден кој смета дека треба да излезе на улица и да даде поддршка на работниците односно да се поддржи самиот себе во борбата за платите“, објасни претседателот на ССМ Трендафилов.

Тој потсети дека ССМ протестира оти Владата и газдите до 31.12. не се договорија за зголемување на платите.