21 прекршување на забраната за движење, 372 санкции за неносење маска

Од 23.00 часот (07.05.2021) до 05.00 часот (08.05.2021) констатирано е дека 21 лице не ја почитувало забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 372 прекршоци.  

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.