
Млад прилепчанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила среде ноќ.
Изминатава ноќ во 02:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул. „Орде Чопела“ во Прилеп, патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Д.М. од Прилеп, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градска болница Прилеп.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.