21-годишно момче, фудбалер на „Тетекс“, загина во страотна сообраќајка ноќеска

Фудбалскиот клуб Тетекс информираше дека ноќеска во сообраќајна несреќа животот го загуби фудбалерот Даниел Николовски на 21 година. 

„Со голема жал и длабока болка ја споделуваме веста дека на 12.09.2026 година го загубивме нашиот Даниел. Даниел беше дел од младинските категории на ФК Тетекс, а својата љубов кон клубот ја продолжи и како дел од сениорскиот тим. Ќе остане запаметен како дел од нашето Тетексово семејство и засекогаш ќе биде дел од историјата на нашиот клуб. На неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа, ФК Тетекс им упатува најдлабоко сочувство. Почивај во мир, Даниел. Летај високо, ангелу“, известија од ФК Тетекс. 

Засега не се знае дали трагедијата е врзана со сообрќаајката која ноќеска се случи кај Стража, на патот кон Гостивар. 

Официјални информации се очекуваат од МВР.