21-годишна скопјанка насилно ограбена од жена пред угостителски објект

Скопјанка ограбила млада девојка пред угостителски објект во Центар, по полноќ.

- Денеска (03.09.2026) во 01:40 часот во Скопје, полициски службеници ја лишија од слобода 41-годишната З.Ш. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 01:15 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, со употреба на физичка сила одзела личен накит на 21-годишна девојка од Скопје, информираа од МВР во денешниот билтен. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.