21 годишна скопјанка крадела во куќа во Маџир маало

Синоќа, на булевар „Мајка Тереза“ во Скопје, лишена од слобода била 21 годишна скопјанка. 

Таа се сомничи дека истиот ден, заедно со уште едно лице, со употреба на погоден предмет влегле во куќа во населбата Маџир Маало и одзеле разни предмети, меѓу кои и гасен пиштол и куршуми, се вели во соопштението на МВР.

Полицијата информира дека со неа бил извршен службен разговор, при што го признала делото. Кај неа биле пронајдени и одземени предметите поврзани со кривичното дело.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.