21-годишен возач прегази малолетен велосипедист во Чаир

21-годишен возач прегази малолетен велосипедист во Скопје. 

На 26.09.2022 во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ч.(21) од с.Батинци, скопско, удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје, соопшти полицијата. 

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.