21-годишен скопјанец доби кривична, полицијата му пронашла „арсенал“ - пиштол, автоматска пушка...

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.У.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 28.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во напуштена куќа на ул.„Агрон Бериша“, при што се пронајдени и одземени пиштол „чешка зброевка 75“ калибар 9 мм, рамка со куршуми, расклопена автоматска пушка „застава M70“ калибар 7,62 мм со рамка, панцир и други предмети, кои таму ги оставил пријавениот.