21. декември неработен ден

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за празниците, 21 декември (сабота), односно Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија.

Од Министерството на граѓаните припадници на турската заедница им го честитаат Денот на наставата на турски јазик.