203 санкции за брзо возење низ целата земја

При редовните акциски контроли, најмногу прекршоци во сообраќајот се поради неприлагодена брзина според ограничувањата на патот.

Во текот на вчерашниот ден (25.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 203 возачи.

Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 123 надвор од населено место. 

- Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта - порачуваат од МВР.