2.000 корисници на ЈП Градски паркинг-Скопје го споделија своето искуство од услугите

Во текот на последните две недели од месец мај 2022 година, ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, спроведе анкета за испитување на мислењето на корисниците на услугите кои ги нуди претпријатието за паркинзите од затворен тип, со цел подобрување на истите.

-Во одговорите кои ги добивме од 2500 корисници, увидовме пофалби за досега сработеното, како и препораки за подобрување на некои проблеми и укажување на некои недостатоци. Анкетите покажуваат дека досегашните иницијативи на новото раководство на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, во целост ги задоволува потребите на корисниците на градски паркинг, соопштија од претпријатието. 

Оттаму велат дека целта на анкетата била да ги дознаат идејите и воочените проблеми од страна на корисниците.

Порачуваат дека раководството на ЈП „Градски паркинг“, анализата од оваа анкета, ќе ја земе предвид за понатамошно работење за имплементирање на конструктивните идеји дадени од корисниците, како и решавање на посочените проблеми со кои тие се соочуваат.