2.000 цветни садници ќе ги збогатат парковите во Кисела Вода

Општина Кисела Вода започна со работни активности за садење цвеќиња во парковите на својата територија. Со овие активности во повeќе месни и урбани заедници заседени се речиси 1.000 цветни садници.

Цветни садници од типот колеус, петунија и импатија добија тревните површини и жандинери во Пинтија, Драчево, Црниче, 11 Октомври, Цветан Димов, населба и село Драчево. Покрај ова, цвеќиња се садеа и во основните училишта и градинки во Кисела Вода. Акцијата што започна завчера, ќе продолжи да се одвива и денеска, со засадување нови 1.000 цветни садници. Со ова ќе финишираат активностите за садење 2.000 цветни садници на територијата на Кисела Вода.

Цветните садници се донација од Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“.