20 животни принципи по кои се води секој Рак

Ракот бара потполна слобода и одбива да ги слуша другите. Луѓето родени во овој знак никогаш не се сигурни што ќе им донесе иднината, па тие непрестајно бараат емотивна потврда од другите во вид на топли зборови, поддршка и цврсти прегратки.

Тие по природа се добри луѓе, но не сакаат другите да ги земат здраво за готово.

Ова се 20 најважни принципи според кои се раководат Раковите:

Најдобро се чувствуваат кога ништо не мораат, туку сакаат да направат нешто.

Идеалната ноќ за Раковите подразбира гледање филмови на кауч.

Имаат многу силна интуиција и можат да ги пробијат ѕидовите кои повеќето луѓе ги градат околу себе.

Тие се ноќни птици. Го сакаат мирот и ја сакаат мистеријата на ноќта.

Тешко ги забораваат луѓето со кои во минатото направиле многу спомени.

Највеќе се плашат од: болните настани од минатото, целосно напуштање на комфорната зона, да гледаат како нивните сакани патат.

Поставуваат цели кои се во хармонија со нивните чувства. Ако нешто не е за нив, не се ни обидуваат да го завршат тоа што го почнале. Но, кога ќе се посветат на работите кои се инспирирани од нивните чувства, се трудат да ги доведат до крај.

Ракот е добра душа со огромно срце, но ако некој претерува, знае како да се претвори во човек кој се оттуѓува од другите.

Сакаат постојано да бидат силни, но потребна им е само една личност која ќе биде покрај нив.

Цел живот водат борба меѓу силата на карактерот и ранливоста на душата.

Често плачат, но ретко ќе ги видите да плачат.

Мразат кога ги критикуваат или исмејуваат. Мразат игнорирање и лаги.

Имаат навика да им даваат на луѓето повеќе шанси отколку што заслужиле.

Никогаш не би оставиле некого без причина.

Потребна им е стабилност и разновидност. Не знаат како поинаку да го објаснат тоа.

Можат да намирисаат лага уште од километар. И по 20 години ќе се сеќаваат на некоја лага која некој близок им ја кажал.

Кога не се чувствуваат добро, сакаат да се затворат и да не комуницираат со никого.

Своите блиски пријатели ги сметаат за семејство.

Никогаш немојте да ја мешате нивната тишина со незнаење, смиреноста со помирување и љубезноста со слабост.

Честата промена на расположението е резултат на сите чувства кои ги имаат. Често не знаат како поинаку да ги изразат чувствата.