20 убави мисли за убав ден

Често не го забележуваме тоа, но поради различни фактори поголем дел од времето размислуваме за нештата на негативен начин. Зборуваме за работите кои не ги сакаме,  за нештата кои не сакаме да ни се случат, за тоа што сме го направиле погрешно  и тн. И, додека тоа го дозволуваме, нашиот живот поминува.

Моќта на позитивното размислување е докажана во многу истражувања. Но, од каде да почнеме? За почеток, можеме да се потсетуваме на неколку убави мисли кои ќе ни овозможат убави денови и убаво секојдневие.

  1. Немам страв.
  2. Мојот живот има цел и страст.
  3. Добивам сила кога се соочувам со моите несигурности и стравови.
  4. Живеам живот по мои правила.
  5. Се ослободувам од сите нешта кои не ми носат добро.
  6. Верувам во себе.
  7. Мојот ум е фокусиран и јасен.
  8. Можам да остварам тоа што ќе посакам.
  9. Денес, ќе преземам чекори за да ги исполнам своите цели.
  10. Имам мудрост и храброст во себе и можам да постигнам многу.
  11. Наоѓам инспирација околу мене.
  12. Моето срце е отворено.
  13. Комуницирам искрено и отворено.
  14. Во мојата околина се луѓе кои ме исполнуваат со позитивна енергија.
  15. Моето тело е здраво, а постои мир во моето срце и ум.
  16. Не дозволувам да се навраќам на минатото.
  17. Сакам тоа што сум. Сакам постојано да се подобрувам.
  18. Не постои иста личност како мене на овој свет.
  19. Заслужувам љубов и среќа.
  20. Се трудам да најдам време за себе и тоа што ми е важно.