20 нови улици и два спортски комплекси се градат во Бутел

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, заедно со претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски извршија увид во започнатото асфалтирање на 20 улици во Општина Бутел.

- Градежната летна офанзива е во полн ек како никогаш до сега. Покрај 20 улици, започнато е и реконструкција на фудбалското и кошаркарското игралиште во Љубанци. Наскоро започнуваат со изградба и пристапните патеки до влезовите на станбените единици во Скопје Север. Со забрзана динамика ќе започна изградбата на новите спортско рекреативни комплекси, новите паркови, реконструкција на неколку спортски игралишта како и изградба на нови, информираше Костовски. 

Мицкоски посочи дека градоначалникот Дарко Костовски во Бутел се соочи со долгови од својот претходник, но и покрај сè, работи и проектите што се ветени се реализираат.

-До крај на август Бутел ќе добие 20 нови улици и два спортски комплекси, почнува изградба на нова градинка и три нови паркови, вели Мицкоски.