20-годишник со „голф“ прегази 9-годишно дете

Деветгодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди откако било удрено од автомобил на регионалниот пат Куманово–Скопје.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила вчера околу 15:53 часот. Патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (20) од Куманово, удрило во девојчето, кое исто така е од Куманово.

Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Куманово.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.