20-годишник со „бмв“ прегази повозрасен велосипедист

 20-годишник со „бмв“ прегази повозрасен велосипедист.               

На 22.11.2022 околу 19.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата на патот помеѓу гостиварските села Чајле и Балиндол, патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Ќ.М. од Балиндол, удрило во велосипед што го управувал 64-годишниот гостиварец С.Ј., соопшти полицијата. 

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.