20-годишен тетовец со „пасат“ се обидел да прегази полицајци

Тетовската полиција информира дека вчера бил приведен 20-годишник кој се обидел да прегази полицајци. Младиот човек прво одбил да се легитимира, а потоа и го стартувал возилото.

– Околу 21:50 часот,  на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 20-годишниот тетовец А.М., кој дваесетина минути пред тоа одбил да се легитимира и се однесувал агресивно кон нив на улица „Борис Кидрич“. Таму бил паркиран со неговото патничко моторно возило „фолксфаген пасат“ со тетовски регистарски ознаки. Во еден момент тој го стартувал возилото и се обидел да ги прегази полициските службеници. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.