
Синоќа во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „34“ во населбата Илинден се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.С.(23) и мопед управуван од П.С.(20) двајцата од населба Илинден.
Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.