20-годишен кавадарчанец фатен со марихуана кај себе - полицијата го уапсила

Синоќа во 23:45 часот во Кавадарци, полициски службеници од мобилниот тим „Task force“ при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 20-годишниот С.Ј. од Кавадарци.

Од МВР информираат дека С.Ј. бил уапсен затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.