2 и 7 мај ќе бидат работни денови

Иако претходно имаше најави дека е можно  2 мај да биде споен со Денот на трудот, но и 7 мај да биде неработен поради посетата на папата Франциск, Владата на вчерашната седница одлучи дека овие денови ќе бидат работни.

Во текот на неговата посета на Скопје, каде ќе допатува од Бугарија, поглаварот на Римокатоличката црква, покрај средби со државниот врв, ќе ја посети и Спомен-куќата на Мајка Тереза и ќе служи миса на плоштадот Македонија, по што ќе има средби со свештеници и верници во катедралата „Пресвето срце Исусово“.

Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на светата литургија ќе мора да се регистрираат и да добијат билет. Билетите се делат бесплатно и ќе им бидат дадени на сите граѓаните кои ќе се регистрираат.

Планирано е Папата да биде официјално испратен во 18.30 часот на скопскиот аеродром од каде ќе замине за Рим.

jordans for sale paypal