2 хороскопски знаци кои најтешко им е да кажат “те сакам“

Овие два хороскопски знаци делуваат по малку ладно, но тоа е само на прв поглед. И наместо да се нервирате бидејќи не можат да се натераат да ви кажат “те сакам“ можеби подобро би било да научите да ги прочитате знаците со кои тоа ви го покажуваат.

Јарец

“Ладен“ е првиот впечаток за личностите кои се родени во овој хороскопски знак. Тој изгледа како непробојна тврдина која ништо не ја погодува, но кога ќе ги процесираат нештата во состојба се да плачат цела ноќ. Секако ако се сами дома.

И таман кога ќе помислите дека срушивте еден ѕид, тој крева друг и така во недоглед.

Стравот од повредување е тој кој го спречува Јарецот да ги покаже своите чувства и затоа ги закопува длабоко во себе.

Но сепак неговата фасада паѓа во вода кога ќе му покажете дека навистина ви значи. Само треба да имате трпение и челични нерви.

Лав

Она со што Лавот не може да се избори е суетата која го спречува да се отвори и да ја покаже својата ранливост на друга личност. Никогаш нема да признае дека од нешто се срами, секогаш ќе имате впечаток дека за него знаете помалку од што тој знае за вас.

Со леснотија ќе ве остави на цедило и тешко ќе прифати своја грешка.

“Извини“ е збор кој нема да го каже лесно, ако воопшто некогаш успеете да го натерате да каже.

Во својата глава тој е совршен. Полесно ќе му извадите заб отколку зборови со кои ќе ги покаже своите чувства.