2 едноставни вежби за полесно одвикнување од цигари

Само пушачите знаат колку е макотрпен и долготраен процесот на одвикнување од цигари. Освен разни средства кои можат да се купат на пазарот, но и здрави намирници, постојат и вежби кои можат да ви помогнат полесно да се одвикнете од оваа лоша навика.

Овие вежби се инспирирани од јогата, односно една техника за дишење која се користи во оваа дисциплина. Се работи за длабоко вдишување и издишување – од стомакот, со чија помош се развиваат и тренираат дишните патишта, а тоа значи дека ќе можете да ги исчистите од отровите кои се таложат со текот на времето.

Најдобрата работа е тоа што за овие вежби не ви е потребна никаква посебна подготовка, тие се многу лесни, а најдобро е да ги повторувате наутро и во текот на денот кога ќе почувствувате голема желба за никотин. Веднаш ќе забележите дека исчезнува желбата за цигари.

Прва вежба

Секојпат кога ќе посакате да запалите цигара, обидете се да го напуштите затворениот простор и да излезете на воздух. Стојте исправено и обидете се да го опуштите телото. Потоа вдишете длабоко и неколку секунди задржете го здивот. Сега повторно издишете, а на крајот од самото издишување повторно неколку секунди задржете го здивот. Потребно е 10 пати да ја повторите оваа вежба.

Напомена: На почетокот, по неколку повторувања може да се случи да почувствувате блага вртоглавица. Не се грижете, не е ништо страшно.

Втора вежба

Во моментите кога ќе имате силна желба да запалите цигара, потребно е бавно да го вдишете воздухот низ носот, а потоа малку побргу да го издишете. Кога ќе почнете да ја практикувате оваа вежба, правете ја вежбата полека, а потоа забрзувајте го темпото. Вежбата се состои од 30 вдишувања и издишувања, потоа следи една минута одмор, а потребно е 5 пати да се повтори истиот процес.