2 Cellos вечерва во Скопје

Во рамки на последната светска турнеја, насловена како и нивниот последен албум “Score”, популарното дуо вечерва ќе настапи во Скопје во ВИП Арена.

„Ту челос“ за прв пат доаѓаат во Македонија со големо продукциско арена шоу, какво што во изминативе неколку години го имаат во сите големи арени низ целиот свет.

Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер во изминативе неколку години со својата брилијантна работа успеаа нешто што е навистина реткост во музичкиот бизнис- да се успешни и нивните концерти да се распродадени на сите континенти, и тоа во сите големи светски сали.