2 CELLOS на 19 октомври во Скопје

Скопскиот концерт на една од моментално најголемите светски музички атракции 2 CELLOS, наместо на првичниот закажан датум 6-ти октомври, ќе се одржи на 19- ти октомври, на истата локација- ВИП Арена.

-Причината за промената на датумот е од логистички тип, а поради концертот на Texas на 28 септември и закажаниот референдум на 30 септември, ние со задоволство ја прифативме оваа понуда концертот да биде подоцна во октомври, од првичниот датум, велат организаторите и додаваат дека поради падот на серверот кој е во Америка, ККЗС ги има изгубено нумерациите на досегашните продадени билети за

трибини, па така сите што досега имаат купено карти, ќе имаат можност до 3-ти септември да си ги заменат на продажните места од каде што ги купиле билетите и ќе ги добијат истите седишта за новиот датум, 19-ти октомври.