196 санкционирани возачи во Скопје, 106 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 106 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, 12 за возење под дејство на алкохол, четири мерки за нерегистрирани возила, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.