19 лица казнети со по 2.000 евра поради непочитување полициски час

Поднесени се вкупно 19 обвинителни акти против граѓани кои не го почитувале полицискиот час, како мерка рестрикција против ширење на заразата со коронавирусот. 

Спротивно на прописите со кои се определени мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час. Имено, за време на определената забрана за движење на населението, тие се движеле на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа.

Јавните обвинители му предложија на Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност. ​