
19-годишник е повреден при гасење на пожар во околината на Македонски Брод.
Како што известија од полицијата, вчера во 14.30 часот од страна на доктор од Итна медицинска помош Македонски Брод во ОВР Македонски Брод било пријавено дека кај нив на преглед се јавил М.М.(19) од село Звечан, Македонски Брод, кој што се здобил со повреди при гасење пожар во атарот на с.Рамне, Македонски Брод.