19-годишник тешко повреден откако со „голф“ излетал од пат

Во сообраќајка што се случила вчера тешко е повредено едно лице. 

На 24.07.2022 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Страчинци– с.Стајковци, патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(19) од Скопје, излетало надвор од патот, соопшти МВР. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.