19-годишник прегази малолетничка во струмичко

Малолетничка настрада во сообраќајка што се случилавчера во струмичко. 

На 20.05.2022 во 13.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, во с.Босилово, патничко моторно возило со струмички регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(19) од с.Секирник, струмичко, удрило во малолетен пешак од с. Босилово, известуваат од МВР. 

Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Струмица. 

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.