19-годишни кизлета од пат, четири млади лица се повредени

19-годишник со „фиат пунто“ излетал од пат. Повреднеи се неколку млади лица. 

На 06.06.2023 во 05.50 часот во СВР Скопје  било пријавено дека на локалниот пат с.Количани-с.Драчево, скопско, патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(19) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.М.(18) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле М.С. и уште две сопатнички М.Д.(20) и М.М.(18), двете од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.