19-годишна девојка касната од куче кај Клинички, нападнати уште двајца скопјани

Повторно пријави до полицијата за напдаи од бездомни кучиња во главниот град. Овој пат настрадаа тројца жители. 

- На 13.12.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Аеродром, Е.Н.(37) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје била касната од куче скитник.

- На 13.12.2024 околу 20.10 часот во Полициската станица Бит Пазар, Ф.В.(61) од Скопје пријавила дека на ул.„Струмичка“ била касната од куче скитник.

- На 13.12.2024 во 09.20 часот во Полициската станица Центар, А.Р. (19) од Скопје пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник.